Јувентус во натпреварот против Фросиноне влезе со серија од четири натпревари без победи, малку фалеше да го одигра и петтиот ваков меч, но Ругани погоди во 95. минута за триумф.
Влаховиќ уште во третата минута донесе водство на Јувентус, но следуваше пресврт. Чедира во 14. минута изедначи на 1-1, а Брешанини во 27. минута погоди за комплетен пресврт и водство од 2-1 за Фросиноне.
Во 32. минута Влаховиќ постигна уште еден гол за израмнување на 2-2. Со тој резултат се замина на одморот.
Вториот дел не беше ни налик на првиот во поглед на возбудувањата, но во 95. минута по асистенција од Влаховиќ, Ругани донесе победа за Јуве од 3-2.