Јувентус ќе му даде целосна поддршка на Никола Фаџоли со цел играчот да ги надмине проблемите и да застане на нозе.
„Старата дама“ имаше опција да му ја намали платата поради суспензијата, но раководството на клубот решило да нема никакви промени на примањата и младиот фудбалер ќе добива цела плата и во следните 7 месеци кога нема да игра.
Николо Фаџоли исто така ќе продолжи да тренира со останатиот дел од тимот и под палката на Макс Алегри, за да се чувствува како важен дел од екипата и проектот.
Останува да се види дали тој ќе успее да си ја врати кариерата на прав пат и да се избори со зависноста од обложување поради која направил коцкарски долгови од околу 3 милиони евра.