сабота, 19 октомври 2024
Серија А

Јувентус почна моќно против Удинезе, киксови на Рома и Лацио (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Старата дама“ сработи малку на трансфер пазарот, но избраниците на Макс Алегри се прикажаа во одлично светло во воведниот натпревар од новата сезона и со три бода си заминаа од незгодното гостување во Удине.

Резултатот беше отворен по само две минути игра, Киеза прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот.

Во 20. минута, Душан Влаховиќ зголеми на 0-2 од белата точка, а во судиското надополнување на првиот дел, Рабио со глава ја затресе мержата откако голманот на домаќините погрешно процени една топка.

Рома поведе против Салернитана со голот на Белоти, но се спасуваше од пораз во финишот откако Кандрева изедначи на 1-1 во 36. минута, а потоа на стартот од вториот дел ги донесе гостите во предност од 1-2.

Белоти со својот втор погодок обезбеди бод за „волчицата“ во 82. минута.

Лацио со голот на Имобиле во 26. минута поведе на гостувањето на „Виа дел Маре“, но домаќините во 85. минута преку Алмквист изедначија, за во 87. минута Ди Франческо да ги шокира „бјанкочелестите“ и да донесе победа за Лече.

Aталанта со два доцни гола стигна до три бода против Сасуоло на „Мапеи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ