Минатата недела се појавија информации за голем скандал во Калчото, младиот фудбалер на Јувентус, Николо Заниоло е под истрага за обложување. Потоа се појавија и нови имиња како Сандро Тонали од Њукасл и Николо Заниоло од Рома.
И додека се чекаат првите пресуди, Фабрицио Корона излезе со нови информации.
„Јувентус морал да знае, српската мафија, навистина лоши луѓе, дојдоа да го бараат Фаџоли во Континаса (тренинг центарот на „старата дама“) но не го најдоа“ – вели кралот на папараците.
Се шпекулира дека во период од неколку месеци, Николо Фаџоли направил долг од над еден милион евра.