„Старата дама“ испушти два бода на домашен терен во пресметката против Парма во 10. коло во Серија А.
Популарните „млекари“ вечерва два пати водеа во Торино, прво преку погодокот на Дел Прато, а потоа и со голот на Сом.
Мекени изедначи на 1-1 по половина час игра, а Веа на стартот од вториот дел повторно го врати Јувентус во егал.
Двата тима во финишот од натпреварот имаа свои шанси за победа, но мрежите мируваа и бодовите беа поделени.
Интер беше пресилен за Емполи, особено откако „нероаѕурите“ повеќе од еден час играа со играч повеќе.
Фратези со доза на среќа го отвори резултатот по 5 минути игра во второто полувреме, потоа по една убава акција зголеми на 0-2 во 67. минута од мечот, за Лаутаро Мартинез во 79. минута да ги постави конечните 0-3.
Аталанта славеше со 2-0 против Монца и го скокна Јувентус на табелата, додека пак Венеција со пресврт во второто полувреме стигна до триумф од 3-2 над Удинезе.