сабота, 19 октомври 2024
Го чека долг процес

Јувентус ја потврди суспензијата и откри кога Фаџоли се враќа на терените

Јувентус попладнево ја потврди суспензијата од 7 месеци на Николо Фаџоли, фудбалерот ќе биде надвор од комбинација до 19. мај, тоа значи дека ќе може да настапи во последното коло од Серија А и дуелот со Монца.

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе нема дилеми, познато е до кога Николо Фаџоли ќе биде суспендиран, Фудбалската федерација на Италија и Јувентус соопштија дека казната почнува денеска, па играчот ќе биде надвор од комбинација до 19. мај.

Тоа значи дека младиот Италијанец би можел да настапи во последното коло и пресметката со Монца на 26. мај.

„Убедени сме дека Николо, со поддршка на клубот, неговите соиграчи, неговото смејство и професионалците кои ќе му помагаат, ќе го одработи терапевтскиот и тренинг процесот со голема одговорност, и штом ќе ја одбработи суспензијата, ќе може да се врати и да се надигрува на терените“ – гласеше известувањето на Јувентус.

Покрај тоа што седум месеци нема да може да игра фудбал, Николо Фаџоли ќе треба да плати и глоба од 12.500 евра, ќе мора најмалку шест месеци да работи со терапевт на својата завист од обложување, ќе треба најмалку во 10 наврати да се појави на десет настани на кои ќе го сподели своето искуство, и ќе ги убедува останатите да не тргнат по тој лош пат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ