сабота, 19 октомври 2024

Јувентус и официјално се откажа од Суперлигата, останаа само Барса и Реал

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус објави дека го започнува процесот на повлекување од Суперлигата, проектот кој траеше 48 часа по што замре откако англиските екипи под притисок на навивачите се откажаа.

Покрај шестте англиски екипи, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Челси, Ливерпул и Тотнем, во меѓувреме се повлекоа и Милан, Интер и Атлетико Мадрид. Долго време во проектот беа останати Јувентус, Барселона и Реал Мадрид.

Сега Јувентус потврди дека се повлекува, па во проектот на хартија остануваат само уште Реал Мадрид и Барселона.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ