„Старата дама“ синоќа во вечерните часови и се пофали со ангажман на Нико Гонзалез од Фиорентина.
„Нико Гонзаелс и официјално е фудбалер на Јувентус. Офанзивниот фудбалер пристигнува од Фиорентина и стави потпис на долгогодишен договор“ – гласеше известувањето.
„Бјанконерите“ исто така ги открија деталите од зделката, Нико Гонзалес пристигнува на позајмица за која ќе бидат одвоени 8 милиони евра, плус Јувентус ќе има обврска во целост да го купи играчот за додатни 25 милиони евра, сума која ќе биде платена на три рати.
Исто така можат да бидат исплатени бонуси од максимални 5 милиони евра во зависност на резултатите и успесите.