сабота, 27 јули 2024
Серија А

Јувентус го победи Наполи и се качи на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Јувентус победи во свој стил, со минимални 1-0 го доби дербито против Наполи и ќе преноќи на лидерската позиција на табелата.
 

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас дербито го почна од клупата за резерви, македонскиот репрезентативец го одигра последниот половина час.

Во првото полувреме имаше повеќе шанси и на двете страни. Наполи може да жали што не водеше по првите 45 минути, особено поради една идеална шанса на Кварацхелија.

По шест минути игра во вториот дел, дефанзивецот Гати реализираше за водство на Јувентус од 1-0.

Откако поведе, Јувентус се повлече и ги затвори сите патишта кон голот на Шчесни.

Наполи постигна гол преку Осимен, но напаѓачот беше во офсајд, па радоста траеше кратко.

Со овие три бода Јувентус се качи на првото место на табелата, таму веројатно ќе биде само до утре бидејќи би било големо изненадување ако Интер на свој терен утре загуби од Удинезе. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ