Влаховиќ во 53. минута му донесе гол на Јувентус за водство од 1-0, а Мекени на 15 минути пред крајот ги реши дилемите околу победникот.
Интересно беше во Дортмунд каде Барселона ја совлада Борусија со 3-2, Феран Торес беше херојот на каталонскиот тим. Сите пет голови беа постигнати во вториот дел.
Рафиња во 53. минута донесе водство на Барса од 1-0, но само седум минути подоцна Гуераси изедначи на 1-1.
Во 75. минута Торес ја врати предноста на Барса, но три минути подоцна Гуераси повторно стапува на сцена и овојпат изедначува на 2-2.
Сепак на пет минути пред крајот Феран Торес даде уште еден гол, Барса поведе со 3-2 и го задржа водството до крај за значајна победа.
Арсенал со два гола на Сака и еден на Хаверц со убедливи 3-0 го совлада Монако.
Штутгарт со истиот резултат од кој загуби од Црвена звезда, денеска го совлада Јанг Бојс, беше 5-1. Швајцарскиот тим ги загуби сите шанси за прогрес во следната фаза.
Најмногу голови имаше во Холандија на дуелот меѓу Феенорд и Спарта Прага каде домаќините победија со 4-2.
Погодоци немаше единствено во Лисабон каде Бенфика и Болоња одиграа 0-0.