Пол Погба изминативе денови е во центарот на вниманието откако падна на допинг тест и под знак прашалник беше ставена неговата иднина во Јувентус, но и кариерата, со оглед на тоа дека му се заканува долга суспензија.
„Старата дама“ веќе го повлече првиот чекор, и откако и вториот примерок испадна позитивен, Пол Погба со официјален допис бил известен дека во иднина ќе има минимална плата.
Станува збор за сума од нешто над 42.000 евра бруто на годишно ниво, односно нешто над 2.000 евра нето на месечно ниво. Пол Погба има договор со фиксна плата од 8 милиони евра, плус 2 милиони евра во бонуси, што значи голема финансиска загуба.
Се очекува следниот чекор на Јувентус да биде раскин на договорот, но за ова се чека конечната пресуда, односно фудбалерот од средниот ред да биде суспендиран на 4 години, или на 2 години доколку му се прогледа низ прсти поради тоа што ненамерно ја земал забранетата супстанца.