недела, 27 октомври 2024

Јувентус е во криза, Верона му откина два бода (ВИДЕО)

Јувентус врза четири натпревари без победа откако и вечерва ги разочара навивачите со реми кај Верона од 2-2.

Објавено на

часот

Сподели

Верона двапати водеше, Јувентус двапати израмнуваше. Тимот на Алегри ја губи трката по титулата во Серија А.

Домаќините поведоа во 11. минута со гол на Фолоруншо, во 28. минута Влаховиќ од пенал изедначи на 1-1.

По седум минути игра во вториот дел Нослин го врати водството за Верона, но само три минути подоцна Рабио изедначи на 2-2, што беше конечен резултат.

Јувентус има девет бода помалку од Интер кој има и натпревар помалку. Милан ако ја победи Монца ќе се искачи на второто место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ