сабота, 27 јули 2024

Јуве не можеше со десет фудбалери, само реми против Емполи (ВИДЕО)

Јувентус направи чекор назад во трката за Скудетото откако на свој терен одигра 1-1 против Емполи.

Објавено на

часот

Сподели

Дека нема да му биде лесно на Јуве стана јасно во 18. минута кога Милик стартуваше со отворен ѓон и доби директен црвен картон. Старата дама рано остана со фудбалер помалку.

Но и покрај тоа стигна до водство. По пет минути игра во второто полувреме Влаховиќ постигна гол за водство на Јувентус од 1-0.

Сепак во 70. минута Балданзи изедначи на 1-1, што беше и конечен резултат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ