среда, 23 октомври 2024

Јутјуб недостапен во Русија

Видео платформата Јутјуб е недостапна во Русија, соопштија денес илјадници корисници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќето жалби на корисниците се забележани од Москва, Санкт Петербург и Екатерининбург, наведува страницата Даундетектор.

Рускиот пратеник Александр Хинштајн најави пред две недели дека за неколку дена брзината на вчитување на видеата на Јутјуб во Русија ќе се намали за 70 отсто, кажувајќи дека Јутјуб „неказнето го крши и игнорира законот“.

На почетокот на јули Јутјуб блокираше канали на неколку руски пејачи и уметници поради нивната поддршка на инвазијата во Украина.

Портпаролот на Јутјуб минатата недела кажа дека се свесни за извештаите дека одредени корисници не можеле да пристапат до содржините во Русија, и дека причината не е технички проблем од нивна страна, пренесува Ројтерс.

Откако во февруари 2022 година почна конфликтот во Украина, Јутјуб блокираше бројни канали на поддржувачи на Кремљ, додека прозападните медиуми и понатаму имаа пристап.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ