Таа кажа дека агенција за управување со одземен имот почнала идентификација на имотот наведен во наредбата, вклучувајќи и вила на езерото Газиводе за која се смета дека му припаѓала на Милан Радоичиќ, но и друг имот, во согласност со законот и судот.
Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља најави претходно дека планира вилата на Милан Радоичиќ, која се наоѓа на езерото Газиводе да ја претвори во станица за единицата на косовската полиција со чамци.
Вооружена група косовски Срби се спротивстави на патрола косовски специјалци на 24 септември 2023 и во престрелката загина полицаец, а подоцна косовски полицајци убија тројца локални Срби.
Радоичиќ, кој ја презема одговорноста за инцидентот, мина еден ден во истражен затвор во Србија, а подоцна беше пуштен под услов да не ја напушта Србија и да не влегува во Косово.