петок, 18 октомври 2024
Осмо засилување за „росонерите“ ова лето

Јунус Муса потпиша со Милан, новото име на Сан Сиро има четири пасоши и зборува пет јазици

Објавено на

часот

Сподели

Милан попладнево го потврди осомото засилување ова лето, на Сан Сиро пристигнува Јунус Муса од Валенсија.

За услугите на перспективниот репрезентативец на САД ќе бидат платени 20 милиони евра плус бонуси.

Интересно е тоа што Јунус Муса има дури четири пасоши, односно американски (роден е во Њујорк), италијански, англиски (живеел во Италија и Велика Британија) и пасош на Гана (земјата од која потекнуваат неговите родители).

20 годишното момче исто така е полиглог кој зборува пет јазици, односно англиски, италијански, шпански, хуса и дагбани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ