Поминаа шест натпревари, а Македонија е без пораз, македонските млади кошаркари се пласираа во полуфиналето и дојдоа на чекор до медал.
Македонската репрезентација беше фаворит на овој натпревар, почетокот беше изедначен, но како одминуваше времето нашите момчиња се одлепуваа и на крајот дојдоа до убедлив триумф.
Најдобар играч во репрезентацијата на Македонија беше Марко Луканоски кој постигна 17 поени и 14 скока, Јаничиќ додаде 16 поени, а двоцифрени беа уште Стојковиќ и Марјановиќ.
Противник на Македонија во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Швајцарија и Бугарија кој се игра вечерва.