петок, 18 октомври 2024

Јуниор ден за најмладите од семејството на Спорт лајф

Објавено на

часот

Сподели

„Овој заеднички настан претставуваше незаборавен ден за сите нас. Тој преминува во традиција и секојпат е исполнет со рекреативни и забавни активности, натпревари и голем број награди. Но, секоја година е посебна по  нешто. 

вДецата овојпат имаа можност да јаваат на преубавите пони коњчиња Ромео и Јулија, а крајот на настанот беше збогатен со наградна лотарија. 

дСе извлекуваа бројни подароци за децата – таблети, тротинети, скироли, фудбалски топки, пикада, велосипед и други награди. Видовме многу возбудени и среќни   дечиња, а на најсреќното од нив, кое беше од Велес, му припадна главната награда – велосипедот“, истакнаа организаторите од „Спорт лајф“. 

„Junior Day” е ден за заедничка средба вон работните места и ден за одлична забава за вработените и нивните најмили, оваа година тоа го видовме во  природата и убавините на Спортско рекреативниот центар Хиподром, а за следната подготвуваме нови изненадувања.  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ