недела, 6 октомври 2024

Јуни 2024 најтопол во историјата на мерењата, годинава се заканува да го надмине рекордот од 2023

Јуни 2024 година беше најтоплиот јуни досега, објави службата за следење на климатските промени на Европската Унија, Коперникус. Според податоците на Коперникус, оваа година најверојатно ќе ја надмине 2023 година како најтопла досега, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Научникот Зик Хаусфадер проценува дека сега има околу 95 отсто шанси 2024 година да ја надмине претходната година и да стане најтоплата откако се мери температурата.

Променетата клима веќе донесе разорни последици низ целиот свет, па повеќе од 1.000 луѓе починаа од топлински удар за време на аџилакот во Мека минатиот месец.

Службата на ЕУ Коперникус укажува дека затоплувањето е делумно предизвикано од климатските промени предизвикани од човечкото влијание, а делумно и од метеоролошкиот феномен Ел Нињо.

Секој од изминатите 12 месеци беше рекордно топол, а забележани се и рекордно високи нивоа на стакленички гасови поради употребата на фосилни горива, рече научничката Фридерике Ото од Институтот Грантам на Кралскиот колеџ во Лондон.

Таа додаде дека топлите месеци значат посилни топлински бранови, како и посериозни нарушувања, како што се обилни дождови и разорни поплави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ