Арсенал имаше два неуспешни обиди да го ангажира Деклан Рајс, последната понуда на „топчиите“ беше 75+15 милиони фунти.
Во трката за потписот на фудбалерот од средниот ред сега влегува Манчестер јунајтед, клубот од Олд Трафорд со поинаков пристап ќе се обидат да го ангажираат Англичанецот.
„Ѓаволите“ ќе понудат трампа, односно пари и фудбалер за услугите на Деклан Рајс, Вест Хем ќе треба да одбере еден од Хари Мегваер и Скот Мектоминеј.