сабота, 19 октомври 2024

Јунајтед не може да му понуди ЛШ на Де Јонг па го убедува со многу пари, Холанѓанецот ќе стане најплатен

Објавено на

часот

Сподели

Се шпекулира дека новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг сака да го донесе својот сонародник Френки де Јонг како едно од првите засилување ова лето.

Проблем е тоа што Манчестер јунајтед не обезбеди настап во Лигата на шампиони и Холанѓанецот преферира да игра во најелитното европско натпреварување доколку реши да ја напушти Барселона.

Според Дејли Стар, „ѓаволите“ го примамуваат Френки де Јонг со многу пари и му ветуваат дека ќе стане најплатен фудбалер на Олд Трафорд доколку направи трансфер.

Весникот шпекулира со бројката од 395.000 фунти неделно, сума со која Френки де Јонг ќе има поголеми примања и од Кристијано Роналдо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ