Тие се запознале во 2021 година на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари и неколкупати беа видени заедно. Јулија, која е 33 години помлада од него, живее во Прага, Чешка, каде што има свој салон за убавина.
Инаку, Џони Деп се разведе од глумицата Амбер Хард во 2017 година, по што следеа три бурни судења откако Деп ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета за семејно насилство во напис на „Вашингтон пост“ од 2018 година. На третото судење, поротата пресуди во корист на Деп за сите три тврдења дека му бил намерно нарушен угледот. Хард исто така го тужеше Деп, добивајќи едно од трите барања за клевета и отштета од два милиони долари.
Од 2022 година, Амбер и нејзината тригодишна ќерка Уна Пејџ живеат во Мадрид, Шпанија.