„Владимир Путин го уби мојот сопруг“, рече Навалнаја, додавајќи дека таа ќе продолжи со работата на својот сопруг и дека сака да изгради слободна Русија. Кремљ негира вмешаност во неговата смрт.
Навалнаја ги обвинува руските власти дека го кријат неговото тело и чекаат да исчезнат трагите од нервниот агенс Новичок.
„Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија“, рече Навалнаја во видео-обраќањето објавено на Јутјуб, пренесе Ројтерс.
Таа изјави дека ќе работи во корист на граѓаните на Русија и дека ќе се бори против Кремљ за да создаде „нова Русија“.
„Со убиството на Алексеј, Путин уби половина од мене – половина од моето срце и половина од мојата душа. Но, сè уште ја имам другата половина што ми кажува дека немам право да се откажам“, рече Навалнаја.
Таа додаде дека наскоро ќе ја информира јавноста зошто „Путин го убил Алексеј пред три дена“.
„Секако ќе откриеме кој точно и како го извршил ова злосторство. Ќе ги објавиме нивните имиња и ќе ги покажеме нивните лица“, порача Навалнаја.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во петокот на 16 февруари, соопшти Федералната казнено-поправна служба на Русија за Јамало-Ненецката областа, додавајќи дека Навални се чувствувал лошо по утринската прошетка и изгубил свест, по што бил реанимиран но неуспешно.
Навални служеше 30-годишна затворска казна за, како што е наведено во пресудата, основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а беше познат како остар критичар на Кремљ.