петок, 26 јули 2024

Jугославија го обели образот на Европа, вели лидерот на Левица

Буквално, Југославија пред светот го обели образот. Затоа што тие луѓе не се плашеа да мислат на големо, не да мислат на тендери, не да мислат на вработувања, на швалерки… Тие мислеа на идеи”, вели  лидерот на Левица, Димитар Апасиев посочувајќи дека некогаш, како земји од Третиот свет, како на пример, Кина, учеа од Југославија како да се оди во развој.

Aпасиев и Крмов на гробот на Јосип Броз Тито

Објавено на

часот

Сподели

Левица во денешното соопштение издвое дел од интервјуто на Апасиев дадено за Слободен печат во кое тој зборува за степенот на развој на индустријата во поранешната СФРЈ Југославија, споредено со останатите земји од светот. Тој потсети дека во периодот на социјалистичкото уредување, земјата беше чекор пред најголем дел од европските држави.

„Значи, тоа е една нација во подем (Кина), цивилизација во подем, којашто на времето доаѓала да учи од Југославија. Кога летале авиони, (гледате документарци во Кина!), Југославија ја перципирале како напредна земја, а тие тогаш биле третиот свет.

Апасиев потенцира дека Југославија го обели образот на Европа.

„Буквално, Југославија пред светот го обели образот. Затоа што тие луѓе не се плашеа да мислат на големо, не да мислат на тендери, не да мислат на вработувања, на швалерки… Тие мислеа на идеи”, рече Апасиев.

„Сега во третиот свет, во Кина, во Азија, во Африка кога ќе кажете Југославија, ви текнува на ,Томос – моторчиња’ во Африка и на ,Тома Винковиќ – трактори’ во Индија, на црнци кои студираат во Белград… Немало нешто што не се произведува во Југославија, буквално, од игла до локомотива. Па не одете подалеку, во Скопје автобуси сме произведувале, сега не можеме да си ги купиме! Значи, тоа било држава по сите нишани”, истакна Апасиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ