сабота, 27 јули 2024

Јубилејна 10-та круна на Дакар за Петерхансел

Објавено на

часот

Сподели

Петерхансел прославува во Лима за триумфот на Дакар

Двајцата Французи во текот на најголем дел од релито беа во водство во генералниот пласман, па денешната последна етапа кон целта во перуанската престолнина Лима, беше само формалност за обајцата.

Прво име на Дакар е Стефан Петерхансел, кој Дакар 2012 долго ќе го памети со оглед дека се запиша во историјата со јубилејната десетта круна. За него, четврта во конкуренција на автомобили, а има и шест во конкуренција кај мотоциклите. Инаку, прва откако од Африка во 2009 година, Дакар беше поместен во Јужна Америка. Релито долго 8.400 километри го заврши со вкупни 38,54 извозени часа и 41 минута побрзо од првиот конкурент Нани Рома.

„Кога ќе помислите колку е тешко да се победи на Дакар, неверојатен е фактот дека сте имале можност да се радувате десет пати. Мина долго време, пет години откако последен пат се радував. Победа во Јужна Америка е мојот најголем триумф. Ова рели донесе многу притисок и затоа победата е слатка“, рече Петерхансел.

„Да се собори овој рекорд сега ќе биде тешка задача за другите. Моја најслатка победа секогаш ќе биде првата со мотоциклот, но оваа е посебна, затоа што по пауза од пет години почнав да се сомневам во себе, да губам самодоверба“, додаде тој.

Деспре вчера го направи клучниот исчекор кон титулата, откако првиот ривал Марк Кома со навигациските проблеми загуби драгоцено време, кое и не можеше да го надомести на денешната етапа. Ова е четврти триумф за Деспре на Дакар, а релито го завршува со 43,28 извозени часа и 53,20 минути побрзо од Кома.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ