сабота, 27 јули 2024

Јуан Мекгрегор прави пауза по 4 години потење г*з

Објавено на

часот

Сподели

Јуан Мекрегор, кој со сопругата Ив Мавракис има веќе три ќерки – Клара, 15, Естер, 9, и Џемијан, 9 – за списанието Севен рекол: „Во септември завршив еден филм и почувствував дека четири години го потам г***т од работа. Се чувствував како да немам запрено ни за момент. А и немав. И еден ден едноставно помислив дека не морам да работам ако не сакам. Тоа беше како небото одеднаш да ми се отвори. Ѝ се јавив на жена ми и ѝ реков дека нема да работам до крајот на годината и прекрасно ми е. Супер е да се биде дома. Имаме ново бебе и ова се прекрасни месеци што не ти се враќаат назад ако не си тука.“
Јуан и Ив се заедно 16 години и тој го цени „убавото чувство да бидеш со некого навистина долго време, се познавате многу добро и пријатно ви е кога сте заедно“.
„Многу пати ме прашуваат која е тајната на среќниот брак, но нема тајна, освен она дека треба да си вљубен во жената со која го делиш животот.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ