сабота, 27 јули 2024

Ју-тјуб ќе организира филмски фестивал за своите корисници

Објавено на

часот

Сподели

Ју-тјуб ќе им даде шанса на филмаџиите-аматери да си го пробијат патот до филмскиот фестивал во Венеција. Сајтот за размена на видеа ќе лансира сопствен онлајн-филмски фестивал за кратки филмови.
Сите се добредојдени да ги пријават своите видеа за учество во Јор филм фестивал (Your Film Festival) помеѓу 2 февруари и 31 март. Должината на филмот не треба да надминува 15 минути, учесниците мора да имаат најмалку 18 години, а снимените материјали не смее да бидат постари од 2 години.
Продукциската компанија на режисерите Ридли и Тони Скот „Скот Фри“ ќе ги одбере 50-те финалисти. Тие ќе бидат постирани на каналот на Јор филм фестивал на Ју-тјуб. А гледачите ќе може да гласаат за нивните фаворити.
Топ 10 фаворитите ќе бидат прикажани на филмскиот фестивал во Венеција во август. Специјално жири предводено од Ридли Скот ќе го одбере победникот, кој ќе добие парична награда од 500.000 долари од Ју-тјуб за продукција на филм заедно со „Скот Фри“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ