среда, 23 октомври 2024

ЈСП: Во тек е надградба на системите за валидација на билетите и за локација на автобусите

Во тек е надградба на системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници, согласно со договорот бр. 08-359/1 од 15 април годинава со софтверската компанија Аитоникс Македонија, информираат од претријатието и бараат разбирање од граѓаните кои користат автобуски градски превоз.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

„Надградбата  се врши во три фази. Моментално се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем.  Оваа фаза ќе заврши до 15 септември кога почнува третата фаза, односно паралелна работа на двата системи, при што новиот валидатор во целост ќе ги прифаќа билетите како и во стариот систем. (Поради оваа причина новите валидатори се во моментов заштитени, бидејќи уште не се во функција, а со цел да се заштитат до моментот додека не се заврши втората фаза во сите автобуси). Третата фаза ќе трае 15-30 дена при што ќе се детектираат сите недостатоци на новиот систем, доколку постојат такви. Потоа се исклучува во целост стариот систем, се поврзува и предниот валидатор на  новиот систем, со што надградбата ќе биде завршена“, се вели во соопштението на ЈСП Скопје.

Инаку, граѓаните подолго време се жалат дека времето на поминување на автобусите што се прикажува електронски на постојките не само што не е точно, туку и дека некои од автобусите и не поминуваат иако се прикажува како да пристигнуваат за минута.

Ги молиме граѓаните за разбирање во овој преоден период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ