сабота, 19 октомври 2024

ЈСП тврди дека не им доцни платата на вработените

„Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат шест месеци, платите во МЗТ доцнат три месеци, потешкотии со исплата на плати има и во скопските општини“, посочуваат од Јавното сообраќајно претпријатие. Денес Независниот синдикат на возачи најави дека утре Скопје повторно ќе остане без градски превоз. 

Објавено на

часот

Сподели

„Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа. Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои“, се наведува во соопштението од ЈСП.

Вработени во ЈСП денеска најавија дека од утре од 4:30 часот во Скопје нема да има градски превоз бидејќи не им е исплатена јануарската плата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ