„Согласно овој ревизорски извештај, ЈСП и покрај сите субвенции кои ги доделува Советот на Град Скопје, сепак има големи финансиски потешкотии. Ревизорите констатирале дека Јавното сообраќајно претпријатие има склучено неколку договори, чии што одредби идат директно на штета на претпријатието. Еден од нив е договорот за набавка на гориво, каде што е предвидена 50% поголема казнена камата од законски предвидената. Исто така, ревизорите утврдиле дека претпријатието не ја активирало банкарската гаранција и не ја искористило можноста за казнена наплата. Дел од вината за ваквата состојба на ЈСП ревизорите ја лоцираат и кај Министерството за образование, кое две години по ред не му исплаќа средства на Градот за бесплатниот превоз на средношколците и студентите, трошок кој сега целосно се покрива од градската каса“, додаваат од Левица.
Од партијата додаваат дека од сѐ погоре наведено, може да се заклучи дека вината за континуирано лошата состојбата во ЈСП може да се лоцира пред се во неговото раководството, кое што склучувало договори штетни за претпријатието и не покренувало постапки за заштита на неговите интереси, градоначалничката Арсовска, која на неколку месеци ги менуваше директорите на ова претпријатие и не поведе постапки за утврдување на одговорност за работата на директорите и секако МОН кој што упорно се амнестира од одговорност за својот удел во колапсот на ЈСП.
„Додека ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска се заглавени во деструктивни конфликти и нерационални кавги, цехот за ваквата очајна состојба на ЈСП го плаќаат сите граѓани на Скопје“, велат од Левица.