„Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка ‘Скопска’ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Притоа, се додава во него, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.
Од ЈСП потсетуваат дека средношколските билети за бесплатно користење јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии.