Во среда (1 јануари 2025 година) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Од четврток (2 јануари 2025 година) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Работно време на билетарници и центри за персонализација
Во среда (1 јануари 2025 година) билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.
Од четврток (2 јануари 2025 година) продолжуваат со вообичаено работно време.
Жичницата на 31 декември 2024 година ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари 2025 година од 11 до 17 часот.