понеделник, 21 октомври 2024

ЈСП до партиите: Смирете ги политичките тензии, потпаливте уште еден инцидент во автобус

Од ЈСП информираат дека во градски автобус со број 7, кај комплексот банки во центарот на Скопје се случил инцидент при што бил скршен прозорец од автобусот. ЈСП упати апел до партиите.

Фото: П.Џ. - илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии.

Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ.

Истовремено, апелираме до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе одговорност и соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите.

Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки.

За среќа, во овој настан нема тешко повредени, а причинета е само минимална материјална штета (скршен прозорец) на автобусот која ќе се покрие со осигурувањето на возилото“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ