сабота, 27 јули 2024

ЈСП денеска и следните два дена ќе вози со посебен режим на линиите

Објавено на

часот

Сподели

Изменети траси денеска до 12 часот имаат линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118, а посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линиите 8 и 15А од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар Илинден, ќе продолжуваат по булевар Партизански одреди, а посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линиите 7, 15, 19, 26, 29 и 59 наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар Партизански одреди, па десно по улица Никола Парапунов (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар Илинден, па десно по улица Љубљанска, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар Партизански одреди.

Линиите 18, 21А и 118 од булевар Крсте Петков Мисирков ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар Никола Карев (пластичарска улица) и од кај Момин Поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта

Сите билетарници и центри за персонализација во среда ќе работат од 6:30 до 13 часот, а во четврток нема да работат, додека жичарницата сите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 17

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ