петок, 18 октомври 2024

ЈП Лајка започна со заловување на кучиња во општина Гази Баба

Објавено на

часот

Сподели

Имено, нашиот тим на заловувачи минатата недела (10-13. април) заловуваше во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово.

Од денеска па сѐ до 20 април тимот на ЈП Лајка ќе врши стратешкото заловување  во Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.

„Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман. Граѓаните може да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава“, информираа од ЈП Лајка.

Оттаму ги повикуваат граѓаните кои имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на [email protected].

 

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ