сабота, 27 јули 2024
Серија А

Јовиќ влезе и постигна гол за кам-бек и победа на Милан против Фросиноне (ВИДЕО)

Милан поведе на гостувањето кај Фросиноне, па се враќаше од гол негатива за да победи со 2-3, Лука Јовиќ е херојот на „росонерите“.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Пиоли со три бода се враќаат од гостувањето кај Фросиноне, Лука Јовиќ донесе победа.

Милан добро го отвори натпреварот, поведе со голот на Жиру во 17. минута, но радоста кратко траеше, Суле од пенал изедначи на 1-1 во 24. минута.

Фросиноне најави изненадување и поведе со 2-1 во 65. минута, Мацители го совлада Мењан за ерупција на „Бенито Стрипе“.

Сепак, Габија ги врати „росонерите“ во игра во 72. минута и изедначи на 2-2, за Јовиќ во 81. минута да реализира за 2-3. Србинот искористи една несмасна интервенција на противничките дефанзивци, и по само 100 секунди откако влезе во игра, ја затресе мрежата за нови три бода на Милан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ