сабота, 19 октомври 2024

Јовиќ одигра меч на кариерата, Мајами го растури Милвоки (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар, Никола Јовиќ го имаше својот најдобар настап во НБА, тој беше најдобар во Мајами кој со 123-97 го совлада Милвоки и тоа на гостински терен.

Објавено на

часот

Сподели

Во составот на Мајами го немаше нивниот најдобар кошакар, Џими Батлер, па Јовиќ ја презеде одговорноста и одигра како никогаш досега.

Србинот постигна 24 поени со кои беше најефикасен на мечот, имаше и седум скока и три асистенции, што е најдобра партија во досегашниот дел од неговата НБА кариера. Јанис Адетокумбо кај Милвоки реализираше 23 поени.

Резултати:
Бруклин – Бостон 110-118
Орландо – Оклахома 113-127
Милвоки – Мајами 97-123
Феникс – Сакраменто 130-125
Портланд – Минесота 109-121
ЛА Лејкерс – Детроит 125-111

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ