петок, 26 јули 2024

Јовески: Вулгарно е што го повлекоа предлогот да бидам уставен судија без да ги наведат причините

Поранешниот државен јавен обвинител кој беше кандидат за избор на уставен судија, Љубомир Јовески, за кого денеска од Собранието информираа дека е повлечен предлогот, изјави дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основни причини за тоа.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Изненадувачки, вулгарно беше тоа дека предлогот е повлечен без да се наведат основните причини за тоа. Пристојно е да се дадат два три збора. Нанесена ми е штета. Ако не сметале дека може процесот до крај да го водат, не требало да ме предлагаат, бидејќи бев изложен на непотребни напади“, изјави Јовески за МИА.

Тој рече дека сметал дека процесот е завршен, бидејќи веќе година и половина не се покренувало ништо.

„Бидејќи таа работа година и пол не се покренуваше пред Комисјата за избор и именување сметав дека е завршено, односно дека нема ништо од предлогот за уставен судија, затоа што тие ако сакаа да го завршат тоа имаа време и можности“, рече тој.

Јовески вели дека е изненаден како тоа денеска било изведено, односно, дека претседателката на Комисијата на денешното 25 продолжение на 13. Седница на Комисијата за избор и именување само соопштила дека предлогот е повлечен без да каже повеќе детали.

„Воопшто во оваа година и пол со никого не комуницирав во врска со предлогот, а врз основа на моето досегашно искуство сметав дека нема потреба со некого да комуницирам, ниту некого околу тој дел да го прашувам што стана со предлогот“, рече Јовески.

Тој дополни дека е горд што е еден од двајцата обвинители кој го завршил целиот шестгодишен мандат и, како што вели, во моментов е посветен на прашања од неговата професија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ