петок, 13 декември 2024

Јовески од обвинителите бара да ја зајакнат казнената политика за држење оружје

Објавено на

часот

Сподели

„Барам од сите јавни обвинители во државава, при постапувањето, да инсистираат на построги кривични санкции за кривичното дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Заострувањето на казнената политика мора да се одразува во постапувањето најпрвин на основните јавни обвинителства, кои треба да внимаваат висината на санкцијата за вакви кривични дела да се движи во рамките на законски определниот распон без можност за алтернативна мерка. Покрај ова, вишите јавни обвинителства, во случаите на определена блага санкција со првостепените пресуди, мора да се обидуваат преку постапките во втор степен да издејствуваат повисоки казни“, стои во пораката на Јовески до јавните обвинители.

Ако се имаат предвид огромните штетни последици коишто можат да бидат предизвикани од недозволеното држење на оружје, вели Јовески, за сторителите на ваквите кривични дела не треба да има ублажување на санкциите.

„Оружјето е средство за извршување и на многу други кривични дела и неговата употреба надвор од законските рамки не смее да се толерира“, порачува Јовески.

Трендот на намалување на возрасната граница на сторители на тешки кривични дела, како што посочува, се забележуваме и во постапувањето во нашата земја. Тоа, како што вели, е нешто што загрижува и за што во најскоро време треба да бидат преземени конкретни превентивни активности од сите надлежни институции.

Јовески изрази подготвеност Јавното обвинителство активно да се вклучи со свој придонес во секоја евентуално иницирана јавна расправа со цел измена на законските одредби во таа насока. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ