сабота, 27 јули 2024

Јовески ќе бара измени на правилата за спогодување со обвинетите

Објавено на

часот

Сподели

„Во иднина, одлуките за спогодување ќе мора да бидат колку што е можно подетално и попрецизно образложени, а транспарентноста при носењето на такви одлуки ќе биде задолжителна“, рече Јовески.

Според достапните податоци, иако спогодувањето е брз и ефикасен начин на решавање на предметите, неговата примена во земјава во последниот период е со променлив тренд – во 2020 година на ниво на сите јавни обвинителства во државава биле склучени 179 предлог-спогодби, во 2021 година тој број се зголемил на 258, додека во 2022 година повторно се бележи пад и на ниво на целата држава минатата година се склучени вкупно 124 предлог-спогодби.

Претседателот на Здружението Елвин Вели го истакна значењето на ваквите форуми кои придонесуваат за поефикасна примена на Законот за кривичната постапка и на овластувањата што тој му ги дава на јавниот обвинител.

Кол Радович, правен советник при Амбасадата на САД во Скопје го презентираше американското искуство во процесот на спогодување, наведувајќи дека во САД најголем дел од предметите на национално ниво завршуваат со спогодување на вина што ги намалува трошоците и придонесува за значително скратување на постапките. Токму како резултат на спогодувањето, бројот на предмети кои завршуваат со судска постапка во САД е намален за 60%.

Институтот на спогодување претставува една од најзначајните новини воведени последниот Закон за кривичната постапка. Согласно тој закон, до поднесување на обвинение јавниот обвинител и осомничениот можат да преговараат и да се спогодуваат за признавање на вина, а начинот и условите за спогодување се законски одредени. Склучената предлог-спогодба се доставува до надлежниот суд кој може да ја прифати или да ја одбие.​

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ