вторник, 21 мај 2024

Јове Кекеновски до ДИК: Внимавајте да не го повредите правото на тајност при гласањето

Со последното упатство околу гласањето од страна на ДИК дека секој гласач кога ќе дојде на гласачкото место, откако ќе се идентификува ќе мора јасно и гласно да каже дали ќе гласа и на парламентарни и на претседателски избори или само на едните од нив, индиректно се доведува во прашање тајноста на гласањето, вели во изјавата за МКД.мк професорот Јове Кекеновски.

Објавено на

часот

Сподели

„Затоа во деновиве кои ни претстојат до изборите ДИК ќе мора да изнајде друг дискретен начин за да ја слушне личната воља на гласачот дали ќе гласа и на праламентарните и на претседателските избори на 8 мај, а притоа да не биде загорзено ниту неговото право на тајно гласање, ниту пак во иднина да биде соочен и да трпи одредени консеквенци зошто гласал само на едни, а не и на другите избори.

Ова го потенцирам поради следниве факти:

Прво не е добро да барате лично и јавно изјаснување од гласачот во просторија во која има најмалку 15 луѓе како членови на избирачкиот одбор, така и посматрачи на политички партии, а не ретко и други лица кои чекаат на ред за гласање;

Барајќи јавно да се изјасни дали ќе гласа на двата изборни процеса гласачот се доведува во непријатна ситуација тоа да го стори јавно и со јасно и гласно даден одговор пред сите присутни на гласачкото место. Ова не е добро од причина што посматрачите на политичките партии сето тоа вредно го бележат и го пренесуваат до своите општински ограноци, но и до централата на политичката партија;

Ова значи дека речиси во секоја поголема и организирана политичката партија имаат јасна претстава кој гласач гласал или не гласал на едните или на другите избори;

Ова е посебно незгодно за оние гласачи кои работат во јавната администрација (на државно и на локално ниво, во јавните претпријатија и другите институции) кои во иднина можат лесно да се соочат со одредени консеквенци како резултат на тоа што не гласал на претседателските или на парламентарните избори;

Имајќи ја предвид до крајни граници исполитизираната јавна администрација и сѐ почестиот мобинг и други форми на малтретирање поради политичката припадност како и сегашната моментална состојба каде секоја од политичките партии сака да грабне глас повеќе за кандидатот за претседател или за партиската листа, многу е лесно поради ова упатство (кое според мене индиректно ја нарушува тајноста на гласањето) гласачот или негов близок од семејството во иднина да бидат соочени со одредени консеквенции на работното место;

Затоа ДИК мора итно да го корегира ова свое упатство и да изнајде друг начин како дискретно ќе ја дознае личната воља на гласачот да гласа на двата или само на еден од изборите. Мој предлог е изјавата дали гласачот ќе гласа на претседателските и на парламентараните извори или пак само на еден од нив да ја даде зад параван“, вели Кекеновски.

Според објаснувањето кое денеска го побара МКД.мк од одговорни лица на ДИК, на самото избирачко место гласачот ќе треба да се потпише на два избирачки спосоци, еден за парламентарните и еден за претседателските. Но, и таа постапка открива кој каде се потпишал и информацијата дали излегол или не на еден од изборите лесно се открива од присутните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ