понеделник, 6 јануари 2025

Јовчевски: Претпоставувам дека следењето на Мицкоски го вршеле луѓе од АР по наредба на Еролд Муслиу

Според објавеното, водејќи се од „modus operandi“ при креирањето на „предмет на оперативени третман“, во кој Христијан Мицкоски, како тогашен лидер на опозицијата, е таргетиран како инспиратор, финасиер и организатор на паравоена полициска структура, и врз основа на слични животни искуства на некои вработени во Агенцијата за разузнавање кои „пострадале“ од бившиот директор на Агенцијата Еролд Муслиу со прекар Качак, основано претпоставувам дека „операцијата“ е инспирирана и започната во АР, вели во интервју за Политика.мк  Јован Јовчески, доктор по кривично правни науки.

Објавено на

часот

Сподели

Тој вели дека за една ваква операција на следење на „политичкиот непријател“ сигурно биле запознати најмалку премиерот, претседателот на државата и претседателот на Собранието.

„Следењето на премиерот Мицкоски е само доказ за партиската, а веројатно и лична (на раководствата на службите кои биле инволвирани) злоупотреба („забеганост“) на овие служби и нивната руинираност.

Според објавеното од 2020 година, над Мицкоски била применета интрузивната мерка предвидено во член 252 ст.1 т.3 од ЗКП за која е неопходна судска наредба, заради тоа што истиот бил третиран како безбедносно интересна личност односно сериозна закана за системот како инспиратор, финасиер и организатор на паравоена полициска структура. Останува отворено прашањето кој ги креирал овие извешати (досие) и врз основ на кои информации, дали била побарана судска наредба (доколку имало, за што лично не верувам, тоа отвара уште посериозни прашања), зошто се следени и членовите на неговото семејство (а посебно неговиот малолетен син), какви видови на опсервација биле спроведени (од него се посочува дека била вршена опсервација со технички средства – дронови и физичко следење), колку временски траело примената на мерките, односно кога завршила… Исто така останува отворено прашањето, дали раководството на државата (најмалку тогашниот премиер и претседател неизбежно морале да знаат за истото) го „дозволиле“, односно дали тоа е правено по нивно барање или пак тоа е правено на „своја рака“ од раководсството на службата која ја спроведувало мерката (што е малку веројатно). Секако дека се апсурдни и смешни тврдењата дека Мицкоски има профил на водач на паравоена структура, меѓутоа тоа зборува за фактот колку бескрупулозен, дрзок и смел бил настапот на (најмалку раководството на службата) безбедносната служба (без никаво страв од законски последици)“, вели Јовчески.

Јован Јовчески е доктор по кривично правни науки кој има повеќе од 25 години искуство како еден од водечките експерти во реформите на кривичното законодавство на Република Македонија, а е и добар познавач на кривичното законодавство на ЕУ и САД, посебно на законската уреденост и примена на специјалните истражни мерки од страна на овластените служби. Јовчески има долго професионално искуство во УБК, работел и во МВР, а голем придонес има и како државен советник во основањето на Оперативно техничката агенција – ОТА.

Тој за најавата за спојување на двете безбедносни и разузвавачки служби, Агенција за национална безбедност и Агенција за разузнавање, смета дека тоа е добар проект и од финансиски, кадровски и технички аспект и од големината на државата и нашето членство во НАТО. Тоа ќе овозможи подобра функционалост на секое поле, проверка и верификација на информации, избегнување на преклопување и дуализам во безбедносното третирање на појавите, поголема и побрза проточност на информациите, поголема ефикаснот и ефективност, вели Јовчески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ