четврток, 12 декември 2024

Јован Јанковски исплива личен рекорд на СП во Будимпешта

Македонскиот пливач, Јован Јанковски заврши на 65. позиција од 101 пливач во дисциплината 100 метри слободно на Светското првенство во 25-метарски базени кое се одржува во Будимпешта.

Објавено на

часот

Сподели

Во својата „Група 4“, Јанковски исплива за време од 50.30 секунди и тоа е негов личен рекорд.

На првенството Јанковски ќе настапи и во дисциплината 100 метри пепертука.

Македонија во Будимпешта ќе ја претставуваат уште Сара Јанковиќ на 200 метри слободно и Никола Ѓуретановиќ кој ќе плива на 400 и 800 метри слободно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ