сабота, 27 јули 2024

Јорданската кралица повика на прекин на огнот: „Израел самиот е одговорен за своите злосторства“

Сопругата на јорданскиот крал Абдулах Втори, кралицата Ранија повика на прекин на огнот во израелската војна против палестински Хамас во Газа, порачувајќи дека апелите да се заштитат животите на Палестинците не е исто што и антисемитизам и поддршка на тероризмот.

Објавено на

часот

Сподели

„Дозволете ми да бидам многу јасна. Да се биде за Палестинците не значи да се биде антисемит, да се биде пропалестински расположен не значи дека сте за Хамас или за тероризам“, истакна кралицата Ранија во интервју за Си-ен-ен.

Таа истакна дека во последните години обвинувањата за антисемитизам се користат како алатка за замолчување на секоја критика на Израел.

„Сакам апсолутно и со сето срце да ги осудам антисемитизмот и исламофобијата, но исто така сакам и да потсетам дека државата Израел не ги претставува сите припадници на еврејскиот народ кои живеат низ светот. Израел е држава која самата е одговорна за своите злосторства“, укажа јорданската кралица.

Кралицата Ранија посочи дека целта на тврдењата на Израел дека прекин на огнот ќе овозможи посилни напади на Хамас е „поддржување и оправдување“ на убиствата на цивилите во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ