петок, 13 декември 2024

Јонуз бара 117.000 евра отштета од ФФМ

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за тоа кој е во право треба да биде донесена наскоро, а од ФФМ се убедени дека нема да мораат ништо да му платат на некогашниот свој прв пријател и агитатор.

„Јонуз си замина во јуни 2011 година, договорот му истекуваше во ноември. Ние го исплативме до јуни и не му должиме ниту денар“, вели Игор Климпер, генералниот секретар на ФФМ.

Јонуз имаше месечна плата од 5.000 евра, за месеците што не ги „доработи“ требалo да добие уште 25.000 евра, но тој бара отштета за предвремениот раскин. Според една клаузула во договорот, Јонуз има право на отштета, но Климпер објаснува дека селекторот е отпуштен поради непочитување на некои одредби.

„Тој го прекрши правилото за однос спрема медиумите кога замина од пресот по мечот со Република Ирска, а до Управниот одбор немаше доставено неколку извештаи што му беа побарани“, вели првиот оперативец на куќата на фудбалот.

Јонуз му беше прв соработник на претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, заедно ја водеа и борбата против опозицијата предводена од Масар Омерагиќ, но откако под притисок на јавноста поради слабите резултати на А-тимот, УО реши да го разреши Јонуз, тој го „смени“ дресот.

Јонуз во историјата ќе остане како најслаб селектор на фудбалската репрезентација, зашто под неговото водство паднавме до 100. место на рејтинг-листата на ФИФА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ