сабота, 19 октомври 2024

Јончевски: Сега сме далеку од репрезентациите од кои бевме подобри во минатото

Објавено на

часот

Сподели

Македонските кошаркари со три порази од три меча се вратија од претквалификацискиот турнир за олимписките игри кој се одржуваше во Талин. Загубивме од Израел, Естонија и Чешка.

„Направивме низа на грешки, и тоа во серија, што нè чинеше, Чесите да се одлепат резултатски. Повторно се вративме  но не целосно, за да успееме и да изненадиме. Сепак се работи за селекција во која имаат играчи од НБА и од Евролигата, за кои, во одредени делови од натпреварот и немавме адекватен одговор. Таков всушност беше и целиот турнир“, вели Јончевски и се пожали на составот кој го има Македонија во однос на противниците.

„Додека сите други екипи имаа играчи од најсилните светски лиги, ние имавме огромни проблеми и да го составиме тимот по многубројните откажувања. Па така шанса за настап добија играчи, многу поголема и од онаа која ја имаат во нивните матични клубови“.

Селекторот вели дека во моментов не можеме да очекуваме да имаме резултати какви што сме имале во минатото. Сега се создава една нова генерација која плодот можеби ќе го даде во наредниот период.

„Можеби тоа е и најголемиот проблем, каде дел од нашите стандардни , а сега и потенцијални репрезентативци не добиваат доволно простор каде би можеле да напредуваат , а со тоа и самата репрезентација. Некои од нив ги одиграа и првите минути во сениорска репрезентативн кошарка оваа сезона. Верувам дека од овој турнир ќе извлечеме огромна поука, не само ние во стручниот штаб, туку и самите играчи. А тоа е дека во моментов сме далеку од квалитетот на репрезентациите со кои сме биле рамо до рамо, а некогаш и многу подобри. Треба да сфатиме дека тоа време помина, и дека сега е времето на новата генерација која треба да даде резултат во наредниот период. За да се случи тоа треба огромна работа, пожртвуваност и желба од страна на потенцијалните репрезентативци, а секако и услови во клубовите во кои настапуваат“, рече Јончевски.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ