недела, 20 октомври 2024

Јончевски: Само да бидеме комплетни во квалификациите

Објавено на

часот

Сподели

Македонија денеска ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2025 година. Нашата репрезентација е во група со Литванија, Полска и Естонија.

Три репрезентации одат понатаму со тоа што секако Полска ќе оди поради тоа што е домаќин. Литванија е најсилна, па третиот патник ќе се бара меѓу нас и Естонија која во претходните квалификации беше подобра од нас.

„Реално не бевме многу оптоварени со ждрепката и кои репрезентации ќе ни бидат противници. Откако ги видовме групите, јасно ни беше дека ќе бидеме со три подоброрангирани репрезентации и дека шансите ќе ги бараме против следната подобро рангирана, во овој случај Естонија. Системот каде една репрезентација е веќе домаќин, и го има обезбедено учеството во завршниот дел е тотално непопуларен. Таква беше ситуацијата и во претходните квалификаци, па ни е добро позната. И верувам дека тоа овој пат ќе го искористиме во наша полза“, вели селекторот Јончевски.

„Естонија ни е должник од тогаш, а секако ќе ги измериме силите и на претстојниот турнир во Талин каде што ќе бидат домаќини. Литванија е секако главен фаворит, а и Полска која беше четвртта на последното Европско првенство, и згора на тоа имаат и одлична генерација. Единствено на кое се надеваме е да се појавиме во комплетен состав на сите ФИБА ‘прозори’ кои претстојат низ квалификациите, каде секој натпревар би бил одлучувачки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ