сабота, 27 јули 2024

Јончевски: Мечот против Естонија ни е најважен во квалификациите

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ги стартуваше подготовките за натпреварите од февруарскиот прозорец од квалификациите за Евробаскетот 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

Овој месец Македонија игра два натпревари, на 23. февруари ја пречекуваме Естонија, а три дена подоцна гостуваме на Полска. Во нашата група уште е и селекцијата на Литванија.

Три репрезентации се пласираат на Евробаскетот, но Полска има загарантирано место како домаќин, па тие и да се последни одат на ЕП, а во таков случај третопласираната не би добила билет за континенталниот собир.

„Четири екипи од кои само една нема да оди понатаму. Ако направиме математика дека Полска како домаќин сигурно оди понатаму, а дека Литванија децении нема пропуштено Европско првенство, шансата ни преостанува со Естонија. Првиот натпревар е на домашен терен и тој е најбитниот натпревар без разлика на циклусот кој трае цела година. Овој натпревар ќе реши многу работи за понатамошниот настап“, рече селекторот Александар Јончевски.

„Без разлика што и да се случи нема да биде порелаксирано и понатаму. Доколку ме прашате мене било каков триумф е задоволителен бидејќи се работи за една репрезентација која е во подем. Која што има се повеќе интернационалци во својот состав. Можеби оваа година и бројот на овие играчи е најголем, тие имаат девет интернационалци кои настапуваат во силните европски лиги. Тоа е репрезентација која можеби ќе атакува и на многу повисок пласман, отколку само настап на Европско првенство. Како и да е, имаме свои адути, играме на домашен терен и верувам дека атмосферата која што ќе биде направена во „Кале“ ќе биде на едно задоволително ниво. Играчите ќе дадат максимум и тоа ќе биде мотив плус и шанса за позитивен исход“.

За разлика од претквалификациите кога за нас играше натурализираниот Ти Џеј Шортс, овојпат селекторот се одлучи тоа да биде Итан Хап, 27-годишен центар на Гран Канарија кој во текот на утрешниот ден ќе се приклучи на репрезентацијата.

„Ти Џеј Шортс нема да биде во овој прозорец. Не сме се откажале од него, тој беше еден од најзаслужните за претквалификациите, но затоа што сме дефицитарни на високите позиции без Симиќ и Младеновски од кои едниот целосно се откажа од кошарка, а другиот три месеци не беше во тренажен процес бевме принудени да се одлучиме за Хап кој и претходно доби државјанство. Тоа е повеќе стратешка околку изнудена одлука“, додаде селекторот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ