петок, 18 октомври 2024
Став на претседателот на Советот на јавни обвинители

Јолевски: Дамева е уште претседател на Судскиот совет

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека Весна Дамева го иа  мандатот како претседателка. Таа е претседателка додека не се спроведат сите постапки, односно додека не се донесе одлука која ќе биде објавена во Службен весник“,  рече Јолевски.

Тој рече дека министерот за правда Кренар Лога нема право да бара да му биде доставен записник од контроверзната седница на Судскиот совет.

„Министерството за правда е извршна власт, судската власт е посебна, и тука веќе има мешање на власт. Според мене, министерот за правда нема овластување во делот на судската власт, па дали ќе му биде овозможено или дадено сепак тоа е работа на Судскиот совет“, вели Јолевски.

Во однос пак, на критиката на обвинителката Ленче Ристоска на сметка на Советот на јавни обвинители, кога рече дека тоа тело тргува со влијание, Јолевски рече дека за такво сериозно обвинување е потребно да се изнесат докази и дека Ристоска како обвинителка тоа сигурно треба да го знае и така да се однесува. Според него, се работи за обвинување кое е изнесено со општи констатиции, без конкретни адреси, Јолевски уште додаде дека тој како претседател не сака да ја повика Ристоска на разговор зашто ќе се протолкува како притисок и закана кон неа, но тој и нагласи дека за разлика од судиите кои се независни во својата работа, во обвинителството постои хиерархија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ