сабота, 27 јули 2024

Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до победа во Портланд (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше уште еден одличен меч со кој беше главен во победата на Денвер над Портланд од 127-112 иако Србинот не беше најефикасен во својот тим.

Објавено на

часот

Сподели

Со исклучок на воведните минути, Денвер постојано водеше, го контролираше натпреварот и немаше никаков проблем за да дојде до победата.

Никола Јокиќ мечот го заврши со 29 поени, 15 скокови и 14 асистенции. Поефикасен од него беше неговиот соиграч Портер кој постигна 34 поени, имаше и 12 скокови. Најдобар кај Портланд беше Грант со 25 поени.

Резултати:
Атланта – Торонто 121-123
Филаделфија – Кливленд 104-97
Хјустон – Феникс 114-110
Мемфис – ЛА Клиперс 95-101
Њу Орлеанс – Мајами 95-106
Оклахома – Вашингтон 147-106
Голден стејт – Шарлот 97-84
Минесота – Милвоки 107-112
Портланд – Денвер 112-127
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 123-118

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ